| четврток, 6 декември 2018 |

Американски дипломат:Русија распореди 15.000 војници на границата со Украина

ukraina

Русија во моментов на границата кон Украина има распоредено околу 15.000 свои војници, изјави синоќа постојаниот американски претставник во НАТО, Даглас Лут.
Како што јавија американските медиуми, ваквата проценка на Лут е значително поголема од бројката за руски војници стационирани на границата со Украина, што претходно ја објави Пентагон.
Ваквата изјава за бројот на руски војници на украинската граница, Лут ја даде во обраќање на безбедносен форум во американскиот туристички центар Аспен во Колорадо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top