Времето во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има локална појава на дожд и грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 22, а дневната од 28 до 36 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде слично, со температура до 33 степени.
И во охридско-преспанскиот регион времето претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне со услови за појава на локален дожд. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 30 степени. Во Дојран утринската температура ќе изнесува 17, а дневната 35 степени.
Во недела ќе има услови за изолирана појава на невреме со град и силни електрични празнења, а нестабилното време од попладневните часови ќе продолжи и во текот на наредната недела
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



