Груевски потсети дека за надминување на состојбата имаше свикано лидерска средба, на 13 февруари даде посебен пакет, за иницијативите на претседателот Ѓорге Иванов и на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, меѓутоа, нагласи, сите иницијативи беа отфрлени од страна на СДСМ со, како што рече, нивното неразумно однесување.
– СДСМ прават сериозни грешки со ова што сега се случува. Влезени се во некој нивни филм дека немало да се повлечат, дека ќе прават борба. Значи, во еден затворен систем во посебен филм во кој од штета во штета се оди и за нив како партија и за државата- изјави Груевски во Свети Николе, по обиколката на подрачјата зафатени од поплави.
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ смета дека опозицијата има време да размисли до недела за подадената рака. Околу барањето на СДСМ за предвремени избори, премиерот Груевски рече дека нема да прифатат таков вид на уцена и дека веќе им попуштиле на социјладемократите.
– Измената на Законот е донесена во Парламентот. Можноста е на маса и се надевам дека и таму ќе преовлада разумот и дека ќе ја променат нивната одлука што ја донесоа- истакна премиерот Груевски.
Груевски: Заедно со Филе сакаме да ја надминеме состојбата
-Штефан Филе исто како нас е загрижен за состојбите со кои се соочуваме. Тој и во минатото се обидуваше да помогне и очигледно е дека и утре повторно ќе дојде во обид со заеднички сили да направиме напори да се решат работите- изјави премерот во врска со посетата на еврокомесарот за проширување Филе.
Груевски: СДСМ ги смисли блокадите уште во јули, треба да излезат од деструктивното сценарио
Сценариото што се случи на 24 декември било осмислено од страна на СДСМ уште во текот на јули минатата година и од тогаш е планирано кога ќе дојде време за донесување на буџетот да се предизвика инцидент за негово закочување, кој ќе биде алиби за неодење на локални избори и создавање хаотична состојба, истакна премиерот Никола Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на поплавените куќи во населбата Ливади, во Свети Николе.
Тоа, како што рече, го кажуваат и луѓе од партијата. – Лидерот на опозицијата верува дека најдобро се снаоѓа во хаотична ситуација и дека најмногу може да испоентира политички од неа, рече Груевски.
Според него, тоа е многу лошо бидејќи политичарите, како што рече, треба да осмислуват настани во кои преку позитивна атмосфера и позитивни поени ќе успеваат, а не со креирање кризи на грбот на граѓаните и на државата.
– Ги доведоа во прашање нашите евроатлантски интеграции. Тоа го разбра целиот свет и Европа. Верувам дека, сепак, во последен момент тој човек ќе најде сили да излезе од ова деструктивно сценарио кое го обмисли и во кое ја втурна државата, потенцира Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски