| четврток, 6 декември 2018 |

Како Фрчкоски ја манипулира македонската јавност за спорот за името?

Професорот Љубомир Фрчкоски повторно преку својата најнова колумна со наслов „До Балчак и понатаму“, објавена пред неколу дена, се обидува да ја манипулира и замајува јавноста, пишува „Нетпрес“.

frckoski

Тој во својата колумна тврди дека никогаш досега во преговарачкиот процес за името не станувало збор и не бил доведен во прашање идентитетот на нацијата.

Но, тоа не е така како што тврди тој.

Фрчкоски уште во 2005 година признава и говори и за името на нацијата и за името на јазикот што го говориме. Во неговите тогашни изјави, тој недвосмислено се обидува да го оправда непостоењето на терминот „македонски“ во името на нацијата и чудните и неразбирливи  термини за името на јазикот.

Неговите изјави јасно потврдуваат дека уште во 2005 година станува збор и за идентитетот и за јазикот, а не како што тврди денеска.

Доказ дека уште во 2005 година, наспроти неговите сегашни тврдења, станувало збор за идентитетот, претставуваат неговите ставови изнесени во врска со тогашниот предлог на посредникот Метју Нимиц.

Фрчкоски за предлогот на Нимиц тогаш велеше „не можат ОН да го обезличат нашиот национален идентитет со тоа што предлагаат ’граѓани на РМ’ место Македонци, откако веќе го признаваат името на државата“.

Уште еден силен доказ дека тоа не е така како што тврди Фрчкоски во својата колумна, претставува и неговиот став во однос на јазикот. Тој уште во 2005 година бил свесен дека тогаш и македонскиот јазик бил доведен во прашање.

Во 2005 година, тој се осврнува и на јазикот и вели, „ако имаме македонски јазик, логично е да имаме и Македонска православна црква, нагласувајќи дека она што го бара Нимиц од двете земји е демонополизација на терминот Македонија како име за територија, во смисла дека никој не може да им забрани на другите да го употребуваат, па во таа смисла ќе има ’македонско вино’, ’македонски производи’ и слични нешта со тој атрибут“.

Дополнително, нејасно е, ако навистина не станувало збор за идентитетот на нацијата, као тогаш Фрчкоски и Црвенковски го прифатија предлогот на Нимиц, во делот за националноста да го нема терминот „macedonian“? Нејасно е зошто ако тогаш не бил доведен во прашање идентитетот, грчките политичари секоја година упорно се обидуваат да го избришат терминот „macedonian“ од извештајот на Европската комисија?

Сите овие непобитни факти се доказ дека уште во 2005 година, наспроти сегашните тврдења на Фрчкоски, станувало збор и за идентитетот на нашата нација, но и за македонскиот јазик.

Очигледна е дволичноста која што Фрчкоски ја покажува во изминатиов период.

Оттука, ваквите континуирани обиди за манипулација на јавноста од страна на професорот Љубомир Фрчкоски, македонската јавност оддамна ги има препознаено и никако да му поминат, бидејќи граѓаните многу добро го паметат неговото минато.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top