Турција е единствената држава која не ја прифаќа неправдата кон Палестинците. Тоа е мое мислење изјави американскиот филозоф и активист Ноам Чомски за турската новинска агенција Анадолија.
Тој ја критикува и меѓународната заедница која претставува само „празен израз без значење“.
Чомски ги обвини САД дека го поддржуваат Израел поради сопствените стратешки интереси и оти нивната одговорност за израелските напади во Газа е најголема.
Тој наведе дека Европската унија „не обрнува големо внимание на настаните во Газа“, додека арапскиот свет е „длабоко поделен и немоќен да направи нешто“.
– Турција е единствената држава која зазеде свртс став кон Израел и не сака да ја прифати неправдата кон Палестинците, посочи Чомски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.