Економската состојба во преработувачката индустрија во јуни во однос на мај годинава е поповолна, а понеповолна споредено со јуни лани, оценуваат раководителите на фирмите од преработувачката индустрија.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни во однос на мај оцената на раководителите за обезбеденоста на производството со порачки е поповолна. Оцената за обемот на производството во јуни годинава е на исто ниво како и во мај годинава, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни, а за бројот на вработени се исти како и во мај.
Во јуни годинава резервите на суровини и на репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и на репроматеријали, се под и околу нормалата. Резервите на готовите производи во јуни споредено со мај годинава се зголемени. Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јуни годинава изнесува 61,2 проценти од нормалното искористување.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производството во јуни имале недоволната странска побарувачка со 25,8 проценти, недоволната домашна побарувачка со 18,8 проценти, неизвесното економско опкружување со 7,8 проценти и финансиските проблеми со 7,6 проценти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.