Албанската јавност повторно е згрозена од криминал во семејство, јави дописникот на МИА од Тирана.
Доцна синоќа во куќа во близина на селото Бобоштица, кај Корча, се случи двојно убиство и самоубиство. Потврдено е дека Едмонд Фиќи (50) со 15 истрели од автоматска пушка ги усмртил сопругата Албина (40) и едногодишниот син, додека спиеле, по што пред влезната врата на куќата си пресудил.
Според досегашната истрага, причина за трагедијата било татковското на детето. Имено, Едмонд, кој четири години живеел и работел во Грција и воошто не дошол дома, деновиве се вратил и сопругата ја затекол со дете, по што почнале меѓусебните расправии, кои завршиле со масакрот извршен синоќа.
Едмонд ќе биде погребан во родното место, а неговат сопруга и детето во Драч, од каде што била Албина.
Во вторникот во селото Сук кај Фиер седумдесет и тригодишниот Бајрам Врапи со ловечка пушка ги усмрти неговите двајца браќа Џемаил (69) и Бесим (60) сопругата и ќерката на Бесим, Дрита (43) и Мируше Врапи (17), а потоа се самоубил бидејќи не се согласувал со избраникот на внуката, која требало да се сврши трагичниот ден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ужасно е да се носи облека на човек кого го убивме пред 20 минути-oвој детал доведе до разоткривање на бруталното убиство на Кашоги
-
Пешак се обиде да се самоубие (видео)
-
Објавени нови детали за убиството на Кашоги: Само некој кој зема хероин би го направил тоа
-
Убиство во семејство со македонско потекло во Швајцарија