Американскиот претседател Барак Обама изјави дека соборувањето на патничкиот авион на „Малезија ерлајнс“ во Украина, би можело да резултира со евентуално воведување дополнителни санкции кон Русија од страна на европските држави.
Обама во интервју за американската телевизија Си-Ен-Би-Си ги поздрави санкциите што досега ЕУ ги воведе кон Русија, истакнувајќи дека иако тие можеби не беа воведени така брзо како што се очекувало.
По минатонеделното соборување на малезискиот патнички авион во источна Украина 28 земји-членки на ЕУ почнаа со разгледување на план за проширување на санкциите кон Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.