| четврток, 6 декември 2018 |

Ќерката на Пикасо подари две дела за музејот

242463_pablopicasso_f

Маја Видмајер Пикасо му подари на музејот „Пабло Пикасо“ цртеж на нејзниот татко од 1908 годија на кој се наоѓа женско лице.

Најстарата ќерка на Пикасо подари и тетратка со 38 цртежи, актови нацртани со гграфитен молив во април 1960 година.

Музеејот „Пабло Пикасо“ ќе биде отворен на 25 октомври, пет години по реновирањето. Овој француски национален музеј е посветен на животот и делото на шпанскиот уметник и другите уметници поврзани со него меѓу кои и Жорж Брак, Салвадор Дали и Марсел Дишан.

Пикасо (1881-1973) беше сестран уметник и еден од најголемите сликари, вајари, цртачи и графичари на 20. век. Се смета за основач на кубизмот. Пикасо беше еден од најполодните сликари на сите времиња, бидејќи според Гинисовата книга на рекорди тој има околу 13.500 слики, 100.000 графики, 34.000 илустрации за книги и  300 скулптури. Во 1973 година вкупната вредност на неговото дело е проценета на 750 милиони долари.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top