Притвор во траење од 30 дена за 30-годишниот скопјанец М.Д., поради основано сомневање дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори.
Имено, Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје, по добиеното сознание дека пријавениот од неговиот дом во скопски Мичурин подолг период продава марихуана, презеде мерки и активности за обезбедување материјални докази. Притоа е дојдено до сознание дека пријавените во текот на овој месец од засега непознато лице, за 8.000 денари набавил поголема количина на марихуана, која ја препакувал за улична продажба и по претходен телефонски договор со уживатели им ја продавал, најчесто од дома или на претходно договорено место.
Постапувајќи по добиените сознанија, Единицата за недозволена трговија со наредба од судија на претходна постапка изврши претрес во домот и други простории на пријавениот при што се пронајдени и одземени 82,7 грама марихуана
Инаку, М.Д. досега е двапати кривично пријавуван за одземање моторно возило и тешка кражба, за што од надлежен суд му се изречени една мерка засилен надзор од родител и една условна казна затвор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


