| четврток, 6 декември 2018 |

Во шумски предел на Украина откриени дел од трупот на малезискиот авион и уште човечки останки

Air Malaysian Passenger Jet Crashes in Eastern Ukraine

Дел од трупот на малезискиот авион и уште човечки трупови беа откриени во шумска месност во реонот на несреќата во источна Украина, денеска соопштуваат австралиските медиуми, цитирани од ДПА.

– Вчера најдовме човечки останки, а денеска уште, за весникот „Сиднеј морнинг хералд“ изјави порпаролот на специјалната мисија од набљудувачи на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) Мајкл Бочуркив.

Бочуркив го посети реонот на несреќата во Доњецк заедно со експертите од Холандија, Малезија и Австралија.

За австралиската екипа ова беше прва посета на местото на несреќата. Во малезискиот авион имаше 37 Австралијци.

– Најзначајниот пронајдок денеска беше огромниот дел од корпусот на авионот, што беше паднат во густа шума, изјави Бочуркив за телевизијата Еј-Би-Си. Тој забележа дека експертите случајно го пронашле делот од трупот на авионот затоа што „немаше никакви знаци, никакви искршени делови, ништо што ќе покаже дека делот паднал таму“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top