На почетокот на 2014, белградското дуо ТИ ги почести фановите со првото долгосвиречко издание насловено „Видимо се“. Албумот во самиот старт ги освои срцата на (се побројната) фан база, но не ја остави рамнодушна и критиката во целиот регион (линкови во прилог).
Албумот содржи девет сонливи, емотивни, речиси хипнотички песни. Како и претходното издание, и ова изобилува со заразни гитарски мелодии одсвирени од страна на Илија Дуни, пријатни бас мелодии одсвирени на синтисајзер, и фин ритам кој Трајче Николовски го диктира на својот електронски тапан.
ТИ не ве оставаат рамнодушни, нам во МКЦ ни се еден од новите омилени бендови, а „Видимо се“ слободно може да претендира да биде албум на годината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.