| четврток, 6 декември 2018 |

Отворање на манифестацијата „Крушево етно град 2014“

Министерството за култура на Република Македонија, Националната Установа „Историски музеј“ Крушево и Општина Крушево, се организатори на свеченото отворање на програмата „Крушево етно – град 2014“. Годинава се одбележуваат 6 години од започнувањето на проектот, кој веќе стана составен дел од културната понуда во нашиот град за време на летниот период и привлекува повеќе туристи од земјава и странство.

Манифестацијата ќе започне на 25 јули и ќе трае до 31 јули 2014 година.

Програмата вклучува повеќе обуки и работилници, чија цел е промоција и зачувување на традиционалните занаети, а секојдневно вечерните часови се предвидени за македонската народна и етно музика.

Свеченото отворање на манифестацијата „ Крушево етно – град 2014“ ќе се одржи на 25 јули 2014 год. (петок), со почеток во 20.00 часот на градскиот плоштад „Никола Мартиноски“ во Крушево.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top