| четврток, 6 декември 2018 |

Победниците од „Макфест“ и „Цветници“ уште си ги чекаат парите

Макфестовските победници Биба Додева, Дарко Илиевски и Елвир Мекиќ, како и најдобрите од фолк-фест „Цветници 2014“ сѐ уште ги немаат добиено ветените парични награди, пишува „Утрински весник“.

Биба победи со песната „Врати се“ (музиката и текстот ги направи самата, а за аранжманот се погрижи Дамјан Лазаров) и ја освои најпримамливата награда во износ од 20.000 евра. Легнаа ли парите на нејзината сметка, кои како што изјави самата по прогласувањето, ќе ги искористи за решавање на едно од покрупните прашања во животот – обезбедување на сопствено живеалиште што е особено битно со оглед на фактот дека во изминативе дваесетина години живее под кирија.

Не, сѐ уште не сум ги добила парите. Чекаме. Веќе почнав и со кредит за стан, ратите пристигнуваат, а парите се’ уште ги нема – вели Додева, која се надева што поскоро да ја добие освоената парична награда што ќе ѝ овозможи да продолжи со отплата на кредитот.

Финансиите, според договорот, требаше да бидат исплатени најдоцна еден месец по завршување на фестивалот. Иако „Макфест“ се одржа во првата недела на јуни, досега нема ништо.

ОдМинистерството за култура, кое стои зад богатиот фестивалски награден фонд, велат дека постапката за исплата е во тек.

Целиот текст на „Утрински“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top