| четврток, 6 декември 2018 |

Владимир Гројсман е именуван за премиер на Украина

Вицепремерот и министер за регионален развој на Украина Владимир Гројсман е именуван за вршител на должноста украински премиер, по оставката на Арсениј Јацењук.

grojsman

– Владимир Гројсман на седница на владата е именуван за вршител на должноста премиер – објави синоќа министерот за внатрешни работи Аваков на својот Фејсбук профил.

Гројсман го предводи државниот комитет за истрагата на падот на авионот на „Малезија ерлајнс“, што пред една недела беше соборен во Источна Украина со 298 патници и членови на екипаж.

Јацењук вчера поднесе оставка од функцијата премиер поради распадот на владејачката коалициска Влада и блокирањето на владините иницијативи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top