Рускиот лидер мрази да биде подучуван. Смена на тактиката може да го убеди да се тргне настрана од украинските бунтовници.
Многу е очигледно колку е тешко да се читаат мислите на Владимир Путин. Но гледајќи го неговото последно телевизиско обраќање за последиците од катастрофата на авионот на Малезија ерлајнс, бев погоден од неговиот надворешен изглед. Видеото било снимено во 1 1ч. и 40 мин ноќта, веднаш откако Путин требало да прими бран од неколку дипломатски телефонски повици од светските лидери, кои ќе се закануваат со соодветни мерки ако тој не ги принуди своите протежеа во источна Украина да се однесуваат на цивилизиран начин кон жртвите на летот МХ17.
Претпоставувам дека неговиот гнев е насочен не само против украинската влада која тој продолжува да ја обвинува за создавање на ситуацијата која довела до урнување на авионот, и не само против западот кој го демонизира како монструозен убиец. Тој исто така е и против сортата од пропаднати руски сепаратистички бандити, која со фрапантна некомпетеност го намести на вакви паткини јајца.
Се разбира, тој самиот си ја замеси оваа каша. Бунтовниците во источна Украина ја земаа за пример путиновата анексија на Крим. Тие добија инспирација од руските медиуми. И сега се борат за кауза, потпомогната од Путин. Неговите служби за безбедност им доставуваат разузнавачки информации и оружје, најверојатно вклучително и ракетниот систем „Бук“ со кој го урнаа авионот.
Какви било теории да шират руските медиуми за украинска одговорност за катастрофата, самиот Путин треба да ја знае вистината – дека бандитите кои делуваат во негово име се виновни. Фактот што тие ги направиле ова по грешка, само ги влошува нештата. Се докажа дека Кремљ им дала ракети на грст пијани, размафтани со пушки зовриени глави, неспособни да го прават она кое секој со еден потег на смартфон може да го стори – да го идентификува авионот кој им прелетува над глава.
Путин воопшто не сака да биде поврзан со нив, и претпоставувам тој од самиот почеток имал забелешки за лидерите на тнр. Доњецка народна република. Уште во мај, тој ги повика да го одложат нивниот референдум за независност, а кога тие тоа очигледно не го спроведоа, тој одби да ги признае резултатите од него.
Факт е дека Путин не сака рускојазичните региони да се отцепат од Украина. Тој од почетокот ја застапуваше тезата за федерализација на земјата, која ќе ги гарантира јазичните и граѓанските права на Русите кои живеат таму. Тоа самото по себе беше доволно за да предизвика гнев во Киев, кои ги гледа овие изјави како мешање во внатрешните работи, или како обид за забивање на клин. Но самата идеја не е бесмислена. Таа може да послужи како спасителна кауза која нема да дозволи сегашната ужасна ситуација да излезе од контрола.
Западот треба да изврши притисок врз Путин, но тоа треба да биде постојан притисок. Ако има нешто кое сум го научил од мојата тригодишна професионална работа со чиновниците од Кремљ, тоа е дека Путин мрази да биде поучуван од надворешни луѓе, и е склон остро да реагира на секоја критика. Нема ниту еден случај тој да подлегнал на која било критика, правејќи го тоа што западот го бара од него. Има многу случаи во кои го правел точно обратното. Дејвид Камерон беше во право изминатиот викенд навестувајќчи закани за нови санкции со признанието дека „треба да има заштитни механизми за рускојазичните малцинства“ во Украина.
Путин најверојатно бара начини да најде излез за да си го сочува достоинството. Ако трагите на катастрофата на МХ17 водат, што сигурно тоа и ќе се докаже, кон бунтовниците, тој може да се огради од нив и да каже дека Русија нема никаква врска со катастрофата.
По тоа проблемот ќе биде како западот да го насочи кон реално ангажирање по ветувањето на уставни преговори со Украина, при услови тој да заврши со сепаратистите кои, како што сега самиот разбира, се само товар за него.
Путин веројатно ќе биде претседател уште 10 години и ние не можеме да си дозволиме цела деценија студена војна. Време е да проголтаме и да му дадеме едно раме за поддршка на главниот играч во тој регион, за да помогнеме во гарантирањето на целовитоста на Украина и за мирот во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.