Најмалку двајца Палестинци се убиени на Западниот брег на протестите против израелската воена акција на Газа, соопштија официјални лица.
Најмалку 10 илјади демонстранти маршираа од Рамала кон источен Ерусалим, каде што дошле во контакт со изралските сили. Околу 200 демонстранти се ранети во нападот на израелските сили на демонстрантите.
Во меѓувреме, расте бројот на вкупно загинатите во Газа од почетокот на нападите. Според последните информации повеќе од 800 Палестинци и 33 Израелци се убиени од 8 јули, кога почна новиот бран напади на Газа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.