| четврток, 6 декември 2018 |

Бунтовниците ги пљачкале загинатите патници и ги користеле картичките и мобилните?

mh17-490535

По уривањето на малезискиот авион во источниот дел на Украина, бунтовниците ги користеле мобилните телефони и кредитните картички на настраданите патници, а исто така им ги краделе и личните работи, меѓу кои и накитот, пишува „Дејли меил“.

Реине Далзеир, сопруга на пилотот од Јужна Африка, Камерон, кој загина во авионската несреќа, била принудена да ги откаже неговите картички затоа што биле користени и по трагедијата.

Таа била згрозена кога видела активност на неговата картичка во Украина. 

Во очајна состојба биле и роднините на оние на чии мобилни се јавувале странци со источноевропски акцент. По почетниот шок, ги контактирале телефонските компании за да ги исклучат броевите.

Stolen-MH17-Ring

Во меѓувреме, се појавила фотографија како доказ за кражбите, на која бунтовник краде прстен од раката на жртва. Како што пишува британски „Дејли меил“, се појавиле и докази дека бунтовниците наводно планирале да ја саботираат истрагата со контаминација на местото на несреќата.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top