| четврток, 6 декември 2018 |

Астрологот што ги предвиде авионските несреќи и украинската криза вели: ЕУ и НАТО ќе се распаднат!

Pavel-Globa-astrologerПознатиот руски астролог Павел Глоба уште во 2009 година ги предвидел авионските несреќи што последните денови ја потресуваат јавноста, пишува „Вечерње новости“. Неговите процени за веројатност од катастрофи се дека 2014 година ќе биде година на зголемен ризик, а особено предупредувал на авионските летови.

Во јули 2014 година нè очекуваат три помрачувања, рекол тој и порачал дека во текот на јули и на август треба да се очекува бран на воздухопловни несреќи поради што на сите им советувал во тој период да се воздржат од летање во сите правци. Во декември и во јануари в година, пак, ќе има зголемена опасност од земјотреси.

Глоба е астролог што на почетокот на 80-тите години од минатиот век рече дека СССР брзо ќе се распадне и дека на улиците во Москва летото 1991 година ќе бидат преплавени од тенкови. Тој предвидува и распад на Украина во 2014 година, а тврди дека неговите предвидувања се остваруваат со 85 процентна сигурност.

Во 2009 година, освен што предвиде распад на Украина на три дела, и авионските несреќи, предвиде и дека економската криза, која ќе трае до 2020 година, ќе ја прекрои геополитичката карта на светот и од корен ќе го промени геополитичкиот распоред на силите. Тешки времиња ги очекуваат САД, а Барак Обама ќе има незавидна судбина. Украина и Европската унија нема да постојат. Кога е во прашање не толку убавата судбина на ЕУ, место една, според неговите предвидувања, ќе се појават повеќе сојузи, а ЕУ како формација ќе живее евентуално само на хартија. Ќе се распадне и НАТО иако некое врме ќе се засилува, но до крајот на кризата веќе ќе го нема.

За 2014 година, астрологот предвидува дека човештвото ќе биде на работ на трета светска војна, а што се однесува до економијата доларот ќе доживее најтежок период во 2017 и во 2018 година. По 2016 година ќе почне да расте цената на нафтата што ќе ѝ помогне на Русија од кризата да излезе како светски лидер.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top