| четврток, 6 декември 2018 |

Во пожарот во Сопиште, три лица повредени, едно делумно

pozarnikari-652

Четири лица се повредени во експлозија во фабрика за пиротехника во скопско Сопиште, потврдија од Противпожарната бригада, која е не терен. Експлозијата се случила попладнево околу 17:00 часот.
– Три лица кои работеле на самиот процес се повредени, додека четвртото лице е делумно повредено – изјави за МИА командирот на Противпожарната бригада, Благоја Менковски повиќувајќи се на исказот од претставникот на СВР Скопје.
Менковски додаде дека две возила со осум пожарникари во моментот се на местото на експлозијата и ќе останат таму се додека е потребно.
Според првичните информации повредените лица се префрлени во медицински установи за укажување лекарска помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top