– Овој пат очекувам голем напредок на средбите со државниот врв во Скопје и во Атина наредната недела – изјави за програмата „Гласот на народот“ медијаторот во спорот за името, Метју Нимиц.
Во Македонија Нимиц ќе престојува во понеделник и вторник, а во среда и четврток ќе биде во Грција и според државната МИА, медијаторот се надева на прогрес по средбите во двете земји.
Нимиц за прв пат ќе се сретне и со новиот преговарач на Македонија, Васко Наумовски, со кој вели, очекува добра соработка.
Министерот за надворешни работи Попоски по изјавата на Нимиц, пак вели дека медијаторот не најавил нов предлог и додава дека не очекува напредок во преговорите без поголемо учество во решавањето од страна на Грција.
И грчки Етнос пишува дека посетата на Нимиц на регионот нема да донесе ништо ново.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Нова демократија: Нови разговори со Скопје, ако Сириза не успее да го ратификува договорот
-
Столтенберг му ја врачи поканата за почеток на преговорите за НАТО на Заев
-
Ристо Никовски: Почнуваме де факто ужас без крај, ова не е крај на проблемите
-
МД „Илинден“: Власта во Грција недвосмислено кажа дека Македонија може да влезе во ЕУ, но не и „македонизмот“



