Директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот Висар Фида во Детроит заедно со македонскиот економски промотор ќе имаат средби со американски компании од автомобилскиот сектор кои се во фаза на носење одлука за инвестирање во Македонија.
Средбите се со претставници на глобални компании кои веќе ја посетиле Македонија во изминатата година или одреден период ја анализираат земјата како локација за производство.
По Детроит, Фида заминува за Торонто, каде што на 1 март ќе ги презентира потенцијалите за инвестирање во Македонија на најголемиот економски форум во Канада за можностите за инвестирање и развивање бизнис во Југоисточна Европа, соопшти Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.