Во рамките на „Охридско лето“, вечерва со почеток од 21 часот, во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид ќе се одржи промоција на книгата „Поезија – ткаења“ од Славе Ѓорѓо Димоски и документарниот филм на Антонио Вељаноски „Поет на мал народ“.
Во книгата „Поезија – ткаења“ во издание на „Панили“ од Скопје се содржани досегашните објавени поетски книги на Славе Ѓорѓо Димоски: „Гравири“ (1979), „Проект“ (1982), „Студен порив“ (1985), „Последните ракописи“ (1988), „Спореден пат“ (1991), „Предмети и аргументи“ (1994), „Форми на страста“ (1998 и 1999), „Темно место“ (1999) и „Мерач на зборовите“ (2007). Изданието е објавено во знак на 35 години поетско творештво, односно од објавувањето на првата книга „Гравири“ (1979).
Редоследот на книгите е во обратен ред и враќајќи се наназад се открива патот на творечкото време до почетоците на авторот од кога почнал да се содава еден посебен поетски свет, една своевидна и самостојна поетика, надвор од кулоарските случувања и во посебен природен амбиент на планината Галичица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Словенечкиот уметник со светско реноме Дарко Брлек доаѓа на 59-тото „Охридско лето“
-
Врачување на наградата „Антево перо“
-
„Охридско лето“: Поради спецификата на претставата што се играше пред самата сцена на Антички, видното поле од гледалиштето беше намалено, и тоа го најавивме
-
Слаба посетеност на затворањето на „Охридско лето“