| четврток, 6 декември 2018 |

ДПА се коригира: Авионот паднал на Мали

A Swiftair MD-83 airplane is seen in this undated photoИсчезнатиот алжирски авион се урнал во централниот дел на Мали, соопшти денеска претставник на ОН, демантирајќи ги претходните информации дека трагедијата се случила во Нигер, јави ДПА.

– Авионот се урнал во регионот меѓу Гао и Тесалит – изјави за германската агенција генерал Коко Есиен, командант на мисијата на ОН за стабилизација на Мали.

Претставник на малиските воздухопловни власти посочил дека во моментов не може да се зборува за несреќа, туку само за исчезнување на авионот од радарите.

Министерот за транспорт на Буркина Фасо, Жан Бертен Ведраго, изјави дека авионот, кој летал од главниот град на Буркина Фасо, Уагадугу за Алжир, во 01.38 часот по Гринич побарал промена на курсот поради бура во регионот. Врската со авионот била загубена во 01.55 часот по Гринич, околу 50 минути по неговото полетување.

ДПА претходно јави дека патнички авион со 110 патници и шест членови на екипажот се урнал денеска во Нигер, за време на лет од Уагадугу кон Алжир.

Се претпоставува дека падот на авионот не го преживеал ниту еден од 116 патници или членови на екипажот.

Леталото било сопственост на шпанската компанија „Свифтер“, но било земено под наем од страна на алжирската компанија „Ер Алжир“.

„Свифтер“ информира дека шестмината членови на екипажот на авионот биле државјани на Шпанија.

ИТАР-ТАСС јави дека околу 80 од патниците во авионот биле Французи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top