| четврток, 6 декември 2018 |

Русија го прашува Вашингтон: Каде се доказите за уривањето на малезискиот авион?

Каде се доказите на САД за вмешаноста на проруските бунтовници во соборувањето на малезискиот патнички авион на компанијата „Малезија ерлајнс”? Досега такви докази не се доставени, се вели во реакцијата на Министерството за одбрана на Русија, пренесуваат странските агенции.

-Претходно беше соопштено дека податоците на САД и сателитските снимки потврдуваат дека ракетата со која беше соборен малезискиот авион е истрелана од областите кои се под контрола на проруските бунтовници. Прашањето е „Каде се тие докази? – истакнал заменик министерот за одбрана на Русија, Анатолиј Антонов во изјава за телевизијата Русија 24.

Неименуван висок претставник на американските разузнавачки служби во вторникот соопштил дека авионот МХ17 по грешка бил соборен од страна на проруските сепаратисти, кои според него биле недоволно обучени да користење на рускиот ракетен систем.

-Низа прашања поставив и до Украинците, но не добив одговори од нив, ниту, пак, од другите влади -нагласил Антонов.

Авионот на компанијата „Maлезија ерлајнс” во кој патуваа 298 лица најверојатно беше соборен на 17 јули во источна Украина, над областите каде се водат жестоки борби помеѓу проруските бунтовници и украинската војска. Никој од патниците и од екипажот не преживеа во несреќата

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top