| четврток, 6 декември 2018 |

Град Скопје: Продолжен рокот за ангажирање лица на раководни позиции

gradsko-sobranie

Град Скопје го продолжува рокот за пријавување за ангажирање лица на раководни позиции во градските јавни претпријатија и во културните институции што се во надлежност на Град Скопје за уште еден месец. Рокот за пријавување на огласот ќе трае до 25 август 2014 година.

Огласот се однесува на вкупно 16 раководни позиции во Градот Скопје, една раководна позиција во Противпожарната бригада на Град Скопје, 5 раководни позиции во културните установи на Град Скопје и 36 раководни позиции во јавните градски претпријатија „Комунална хигиена“, „Паркови и зеленило“, „Улици и патишта“, „Градски паркинг“, „Водовод и канализација“ и ЈСП.

 

Можност за пријавување на овој оглас имаат сите кандидати кои своето образование го оформиле во Република Македонија или во странство.

Кандидатите што се актуелни раководни лица на позициите што се објавуваат во овој оглас и/или мандатот им истекува во 2014 година, раководни лица со истечен мандат или в.д. раководни лица на позициите за кои се објавува овој оглас, имаат право и можност повторно да се пријават за позициите кои досега ги извршуваат. Истите лица имаат можност повторно да бидат избрани од Градот Скопје врз основа на условите објавени во овој оглас.

Заинтересираните кандидати на овој оглас треба да се пријавуваат само по електронски пат. Апликацијата за огласот може да се најде на веб-страницата на Град Скопје – www.skopje.gov.mk/konkursi.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top