Според премиерот Никола Груевски, со тоа ќе се постигне повисока цена, а земјиштето ќе го добијат оние кои се подготвени да платат највисока концесија на државата.
– Остануваат оние што се под 10 хектари, а тоа е направено заради можноста на луѓето што живеат во селата да им се додели селскиот атар бидејќи најчесто тие од тоа живеат – изјави Груевски.
Тој појасни дека сето она што е над 10 хектари се смета за посериозен бизнис и затоа е проценето дека е потребно да има посериозна конкуренција и од тие причини се предвидува ова земјиште да биде понудено преку електронска јавна аукција.
– Со тоа ќе се постигнат вистински пазарни цени и веруваме дека ќе има и поголем приход во Буџетот, како и поголема транспарентност при распределбата на државното земјоделско земјиште – додаде премиерот Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.