Претставата „Ни ваму, ни таму”, утре ќе се изведе по јубилеен 30-ти пат. Со ова станува една од најчесто изведуваните македонски претстави на сите времиња. Како за споредба, една од најгледаните три претстави на МНТ на сите времиња, „Г-ѓа Министерка” од Бранислав Нушиќ, за 46 месеци доживеала 100 изведби.Претставата којашто досега ја имаат видено околу 4.500 гледачи, исто така, беше учесник на театарските игри „Војдан Чернодрински“ минатата година. Најголема посетеност на изведба на „Ни ваму, ни таму”, засега е забележана во Битола, со 652 гледачи на една претстава!
Претставата до жанрот комедија на современиот живот, чиј автор е Бојан Трифуновски а настапуваат Љупчо Тодоровски Упа, Симеон Дамевски, Никола Кумев, во продукција на куќата „Видик” а беше поддржана со Годишната програма на Министерството за култура за 2011 година преку Националната установа Центар за култура „Григор Прличев”, Охрид, ќе гостува во Австралија во април годинава во седум градови со десет претстави!
Темата на овој драмски приказ е животот на двајца Македонци, едниот иселеник а другиот доселеник, случајно најдени на еден европски аеродром, на смешен начин ги фалат и кудат предностите и недостатоците на Mакедонија и „светот”. Кој, кај, што било, како ќе биде…Овде било вака, таму онака…Расправии – до тепање. Извонредна актерска игра. Де смешна, де озбилна. Длабока доживеаност и емотивно соголување. Реченици и изрази како пресадени од обичниот, секојдневен живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.