Писателот Бен Јуда разговарал со поранешни премиери, сегашни министри, регионални гувернери и блиски соработници на рускиот претседател Владимир Путин.
Сето тоа било дел од неговата нова книга – „Кревко царство: Како Русија се вљубила и одљубила од Владимир Путин“.
Еве што дознал за Путин:
1. Спанко
Рускиот претседател станува доцна претпладне, а првиот оброк го јаде напладне. За појадок секогаш јаде германско сирење, а обожава и јајца од препелица и природен џус.
2. Најмногу размислува во базенот
Задолжително по појадок оди на пливање бидејќи сака да биде сам во базенот. Секогаш носи заштитни очила, а омилен стил му е краул.
3. Сака топло-ладно
По пливањето на ред доаѓа вежбањето. Путин особено работи на снагата, а помалку кардио вежби. Еден од задолжителните ритуали по тоа е нурнување во топла, па во студена вода.
4. Интернетот премногу го збунува
Во неговите канцеларии нема ТВ. А самиот Путин користи само „најсигурна технологија за комуникација“, што ако него го прашате се хартија и пенкало и фиксен телефон. И тоа тој од времето на СССР. Ретко користи интернет „ бидејќи сите тие прозорци во внатрешниот прозорец, како и огромниот број пораки му изгледаат премногу збунувачки“.
5. Секогаш со себе носи своја постелнина
Кога патува надвор од Русија со него патуваат и готвачи, келнери и персонал задолжен за чистење. Кога ќе отседне во некој хотел цела постелнина се трга, како и сè од бањата. Потоа, сето тоа се заменува со нови работи, кои ги одобрил Кремљ. Исто така, не јаде друга храна освен таа што ја одобрил Кремљ.
6. Не го сака Кремљ
Кога веќе се споменува Кремљ, треба да се истакне дека Путин живее во палата надвор од Москва бидејќи му пречи сообраќајот, загадувањето и метежот што го прават луѓето во градот. Не сака ни да го посетува Кремљ и преферира да работи на својот имот.
7. На него гледаат како цар
Најблискиот круг на негови соработници го нарекува – цар. Порано го нарекувале шеф.
8. Приватниот живот не му е сјаен
Родителите на Путин се мртви, а се разведе со жена му. Има две ќерки, кои не живеат во Русија. Наводно, навечер му доаѓаат разни девојки – моделки, гимнастичарки… Но тоа се само озборувања. Сепак, најмногу ужива во дружењето со својот црн лабрадор.
9. Себеси се смета за голем работник
Путин тврди дека работи повеќе од кој било лидер уште од времето на Сталин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.