Mинатата година кога славниот календар на „Пирели“ славеше 50-годишен јубилеј од излегувањето, компанијата одлучи да отпечати издание со архивски фотографии, но годинава се враќа со нова фотосесија направена со 12 светски топ-модели и со славниот фотограф Стивен Мајзел.
Крајната верзија на календарот ќе биде објавена во ноември, а ова е само претпремиера на фотографиите со Карен Елсон, Џоан Смолс, Адријана Лима, Џиџи Хадид и Кендис Хафин. Во останатиот дел ќе ги видиме и Наталија Водјанова, Саша Лас, Ракел Цимерман, Изабели Фонтана, Керолин Марфи, Камерон Расел и Ана Еверс.
Темата на календарот е фетишизам, а стајлингот го сработи Карин Ројтфелд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.