Велшкиот интеренационалец во редовите на Реал Мадрид, Герет Бејл, во изјава за шпанските медиуми изјави дека „кралскиот клуб“ ќе атакува на сите шест трофеи, односно ќе се обиде да ги освои сите наслови на натпреварувањата на кои ќе настапува.
Реал Мадрид по Светското првенство во Бразил направи неверојатни трансфери комплетирајќи ги договорите со играчите кои најмногу покажаа на мундијалот.
Германецот Тони Крос и Колумбиецот Џејмс Родригез се имињата кои значително го засилија најтрофејниот клуб во Лигата на шампионите во Европа.
– Ние ќе играме на шест фронта и сакаме сите да ги освоиме. Ќе биде пеколно тешко, но имаме квалитет и сме гладни за трофеи како никогаш досега – изјави Бејл.
Реал Мадрид ја почнува сезоната со финалињата во два суперкупа. Европскиот суперкуп се игра во Кардиф, родното место на Бејл, против освојувачот на Лига на Европа, Севилја. Вториот суперкуп е тој во Шпанија, во кој ќе играат против Атлетико Мадрид.
– Две децении на ниеден клуб не му успеало да го одбрани трофејот од Лигата на шампионите. Ние го сакаме тоа и сме подготвени. Стартуваме со Севилја во европскиот суперкуп во мојот роден град Кардиф.
Освен во овие два суперкупа, Реал Мадрид го очекува долга и тешка сезона во Примера дивизија, Кралскиот куп на Шпанија, Лигата на шампионите и Светското клупско првенство во декември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)