Кога станува збор за коса, сите имаме една дефиниција за зборот совршена… Убава, сјајна, со волумен, без првут и распукани врвови. Но, кога сите имаме различен тип коса што треба да направиме за да ја постигнеме таа универзална убавина?
Со помош на мајката природа можеме да создадеме природни есенцијални масла без хемиски додатоци кои се подобри од кој било друг обновувач на коса. Вашата коса ќе ви биде благодарна за негата и за љубовта што ѝ ги давате.
Масло од чајно дрво
Придобивките од користењето масло од чајно дрво се неверојатни. Ова масло ги штити косата и скалпот од бактерии и габични инфекции. Ако патите од првут, сува коса и коса без сјај, решението е масло од чајно дрво бидејќи ги стимулира лојните жлезди кои и даваат свежина на сувата коса и го намалуваат првутот. Исто така, маслото од чајно дрво ќе ви помогне побрзо да се ослободите од мртвите клетки на скалпот.
Масло од лимон
Повеќето есенцијални масла помагаат за оние со сува коса, но што е со оние кои имаат масна коса?! Маслото од лимон се користи за лечење инфекции и мигрени, но, исто така, се користи и за намалување на маснотијата на косата и на првутот. Исто така, есенцијалното масло од лимон е природен отстранувач на вошки.
Масло од нане
Освен што мириса прекрасно, маслото од нане има неверојатен ефект врз вашата коса. Тоа ѝ помага на косата побргу да расте и ја штити од штетните сончеви зраци. Ставете само неколку капки од ова масло во шампонот или кондиционерот и ќе забележите како вашата коса ќе почне магично да расте.
Масло од арган
Ова неверојатно масло во последно време е многу популарно, и тоа со добра причина. Тоа дејствува како интензивен обновувач на изгорената коса. Ја враќа свежината на косата, помага во нејзиниот раст, го спречува распукувањето на влакното и го прави влакното силно.
Масло од кокос
Маслото од кокос е добро за оние со масна коса, но и за оние со сува коса. Го одржува балансот, ги зајакнува влакната и ѝ дава сјај на косата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



