Како дел од промотивната турнеја на албумот „Срце”, овој викенд момците од „ДНК“ заедно со својот бенд, овој викенд ќе настапат на плажата „Кадмо“ во Охрид. Панчо и Андреј, кои веќе се во Охрид, најавуваат настап исполнет со енергија, пред публиката која досега покажала дека „ДНК“ се повеќе од добредојдени во нивниот град.
– Уживаме да настапуваме со нашиот бенд, пред се поради различната енергија која ја чувствуваме ние, а и публиката. Секој ваков голем концерт со нашиот бенд е ново, посебно искуство. Затоа, би сакале да упатиме отворена покана – дојдете на концертот на „ДНК“ и дозволете ни нашето „Срце” да ги освои Вашите срца. Албумот досега е одлично прифатен, па затоа очекуваме уште еден одличен концерт во македонскиот бисер – изјавија Андреј и Панчо.
Концертот на „ДНК“ и нивниот бенд, е закажан за недела (27.07.2014), со почеток од 22:30 часот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.