Секоја последна среда во месецот, „Критична маса“, неформален велосипедски настан кој се организира во 300 градови во светот, се случува и на улиците на главниот град на Македонија.
„Критична маса“ во Скопје е почеток на трансформација на условите во кои се користи велосипедот како превозно средство секој ден. Околу 150 велосипедисти се собраа во средата и возеа по улиците на Скопје и тоа веќе го практикуваат неколку месеци.
Фото: Игор Ангеловски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.