| четврток, 6 декември 2018 |

10 месеци затвор за Нинџа поради нападот на сведокот во Детонатор

Александар Василевски Нинџа доби десет месеци затвор за нанесување тешки телесни повреди на клучниот сведок во Детонатор, Драганчо Стојменов. За истото дело шест месеци во затвор ќе одлежи и Никола Митревски.

Обвинетите добија пониски казни затоа што пред да биде донесена одлуката, обвинителството ја смени квалификацијата против Александар Василевски Нинџа и Никола Митревски па наместо за убиство во обид, сега одговараат за нанесување на тешки телесни повреди, за кое дело се предвидени пониски казни.

Оштетениот Стојменов во текот на судењето сведочеше дека Нинџа пукал во него без никаква причина, а обвинетите го обвинија дека лаже.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top