| четврток, 6 декември 2018 |

Во Гостиварско жена прегазена од сопствениот автомобил

полиција

Педесетгодишна жена е тешкоповредена откако ја прегазил автомобил. Инцидентот се случил вчера откако С.Х. со нејзината снаа Л.Х. (32) од гостиварско Равен тргнале кон Гостивар со автомобил „пежо 307“.

Двете жени со автомобилот застанале пред вратата на нивниот сосед и излегле од автомобилот за да поразговараат со него.

Во еден момент автомобилот почнал да се движи наназад, по што С.Х. тргнала во обид да го запре, но се удрила во отворената врата, паднала и била прегазена од левото предно тркало во пределот на рамото.

Со тешки повреди била пренесена во медицинскиот центар во Тетово каде што ѝ се констатирани фрактура на десното рамо и на десниот рачен зглоб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top