| четврток, 6 декември 2018 |

10 милиони евра за мали и средни компании

фабрикаЕвропската унија продолжува да ги поддржува македонските мали и средни претпријатија. Проектираните 2,2 милиони евра потрошени преку проектите во изминатите две години, како што беше оценето на денешната завршна конференција, им помогнаа на фирмите да ги зголемат производството и извозот, како и конкурентноста на домашниот и регионалниот пазар.

Нагласувајќи дека целта е поттикнување на економскиот раст и премин кон пазарна економија, евроамбасадорот Аиво Орав најави нови 10 милиони евра за малите бизниси.

– Повеќето фирми со поддршка на европските експерти успешно ги остварија поставените цели, зголемување на бројот работни места и поголема конкурентност, рече Орав во обраќањето.

Според министерот за економија Ваљон Сарачини, проектите за деловно-советодавни услуги и за раст на претпријатијата им обезбедија директна асистенција на фирмите за подобрување на нивните бизнис перформанси, но и развивање нови деловни вештини на менаџерско ниво што е многу значајно да се биде конкурентен во услови на пазарна економија.

– Истражување на пазарот, развој на пазарна стратегија, брендирање, барање стратешки партнери, истражување извозни можности и привлекување инвеститори беа само дел од инструкциите што ги совладаа домашните фирми во рамки на ЕУ-проектите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top