Најсреќен град е Лафајет, во американската сојузна држава Луизијана. Ова го покажало истражувањето „Несреќни градови“, објавено минатата недела од Националната служба за економски истражувања.
Најнесреќен град е Њујорк а по него следат Питсбург, Луисвил, Мулвоки и Детроит.
За многумина животот во Њујорк е остварување на својот животен сон, но според најново истражување „Големото јаболко“ е најнесреќниот град во САД, пренесува ДПА.
Истражувањето е спроведено во 177 градови во САД. Анкетираните одговарале на прашањето: „Генерално, колку сте задоволни од својот живот?“. Одговорите подоцна се рангирани врз основа на приходи, цени за домување, возраст, раса, образование и семејна состојба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.