| четврток, 6 декември 2018 |

ССМ бара утврдување на минимална плата

ссм колективен договорСојузот на синдикати на Македонија бара итно свикување на Економско социјалниот совет со цел утврдување на висината на минималната плата. Бараат зголемување на висината со оглед на зголемувањето на исплатената бруто-плата минатата година. – Со оглед на тоа што излегоа статистичките податоци заклучно со декември во однос на минималната плата бараме итно свикување на Економско социјалниот совет каде согласно член 4 од Законот ќе го дадеме своето мислење за утврдување на минималната плата. Согласно овој член, минималната плата изнесува 39,6 проценти од просекот на бруто-платата на Републиката од претходната година. Според нашите проценки, очекуваме зголемување на висината на минималната плата, имајќи предвид дека има покачување на исплатената бруто-плата за претходната година, изјави претседателот на ССМ Живко Митревски на денешната прес-конференција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top