Рускиот претседател Владимир Путин ги презеде првите чекори за Русија да го добие прекарот „winterfell” (земја на постојана зима) откако завчера го потпишал законот со кој во земјата ќе важи зимското сметање на времето.
Кремљ објави дека веќе нема да се практикува префрлувањето од зимско во летно сметање на времето и обратно. Путин со ова ја менува одлуката на поранешниот претседател Дмитриј Медведев од 2011 година со која во Русија важеше летното сметање на времето односно ГМТ +4.
Од 26 октомври времето во Москва ќе биде трајно ГМТ +3.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.