Драматична сцена се одвивала вчера вечер на небото над Лондон. Воени ловци биле ангажирани од воената база за да го придружуваат малиот млазен авион на компанијата Голфстрим Ер на аеродромот Станстед, на околу 65 километри од центарот на британската престолнина.
Според Си Ен Ен, инцидентот се случил нешто пред 20 часот по британско време, а авионот успешно слетал на оддалечена писта.
Не можевме да воспоставиме контакт со авионо, кратко изјави портпаролката на британската контрола на летање, објаснувајќи ја позадината на инцидентот. Инсистирала при тоа два ловца од типот Тајфун да бидат ангажирани исклучиво поради претпазливост. Авионот доаѓал од Нигерија, а во него имало тројца патници. Полицијата разговарала со сите нив и наводно сите биле пуштени. Поради инцидентот еден лет доцнел при пристигнувањето, но потоа била нормализирана работата на аеродромот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.