| четврток, 6 декември 2018 |

Софијанова: Инфицираното бебе е во стабилна состојба

Здравствената состојба на новороденчето од кумановско, инфицирано со опасната бактерија листерија, веќе е стабилна. Девојчето кое е старо само 14 дена било инфицирано преку мајката. Таа се родила малку пред време и со помала тежина од нормалната.

На 12-тиот ден е хоспитализирано на одделот за неонатологија на Клиниката за детски болести. Бактеријата кај новороденчето предизвикала сепса.

– По антибиотската терапија последните анализи покажуваат дека новороденчето веќе нема листерија и неговата состојба се подобрува – вели за „Здравство24“ доц.д-р Аспазија Софијанова, директор на Детската клиника.

Софијанова додава дека под лекарски надзор е и мајката која исто така е Клиниката за детски болести.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top