Секогаш елегантната Хелен Мирен докажа дека и во бикини знае да изгледа како децении помлада. Британската актерка тврди дека нема никаква тајна за добар изглед, туку само вежбање. Лично повеќе сака да вежба дома отколку во теретана, а вeжба секој ден, но само по 12 минути, со што го одржува своето тело во совршена форма.
Имено, таа го следи планот за вежбање на Кралската канадска воздушна армија, креиран од доктор во 50-тите години. Тоа е режим на истегнување и тонирање, дизајниран да ги одржува во форма војниците, без никаква опрема за вежбање.
Рутината се состои од пет вежби за мажи и десет за жени, како што се склекови, клекнувања, трчање во место и кружење со рацете, кои работат на сите мускули на телото.
Има одредени цели кон кои треба да се стремите, со повеќе вежби на потешко ниво кои треба да се направат за тие 12 минути. Оскаровката вели дека таа се навраќа на планот секогаш кога мисли дека излегува од форма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.