| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарскиот премиер поднесе оставка

Бугарскиот премиер Пламен Орешарски денеска поднесе оставка, соопшти прес-службата на бугарскиот Парламент.

Орешарски се повлекува после само 13 месеци од преземањето на функцијата, и откако во мај владејачките бугарски социјалисти постигнаа многу слаби резултати на изборите за Европскиот парламент.

Со оставката на Орешарски се овозможува формирање на привремена влада во август, додека парламентарните избори се очекува да бидат закажани за октомври.

Оставката доаѓа во моментот кога Бугарија се соочува со најголемата банкарска криза, при што судбината на четвртата по големина банка во земјата е натаму е неизвесна. Оставката на Орешарски доаѓа по повеќемесечната политичка криза во Бугарија, која започна лани во јуни со масовни протести поради именувањето на контроверзен шеф на националната безбедносна агенција, што подоцна беше поништено.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top