Авионската компанија „Малезија Ерлајнс“ изминатиов период како да ја прати лоша карма.
Почнувајќи од 8-ми март оваа година компанијата загуби 6 пилоти и 21 стјуард и стјуардеса. Првата несреќа се случи кога авионот од летот 370 изчезна на мистериозен начин, а втората несреќа се случи изминатава недела кога со граната бил соборен летот 17 на територијата на источна Украина.
Патниците се плашат да летаат со оваа компанија, вработените имаат трауми и жалат за своите колеги, но и стравуваат дека би можело да ги изгубат своитите работни места.
Малезиската авио-компанија и така веќе бележела загуби и пред несреќата, а сега загубите вртоглаво пораснале. Се претпоставува дека ќе продолжат да растат со оглед на тоа што патниците стравуваат да летаат со оваа авио-компанија.
Покрај тоа голем дел од членовите на екипажот не можат да летаат поради психички проблеми, објаснил претседателот на Националниот синдикат на кабинскиот персонал, Исмаил Насараудин.
-Многумина се’ уште не се помирени со мистериозното исчезнување на MH370. Најновата трагедија вратила многу спомени, вели Харијати Шахрима Абдул Маџид, советник од организацијата за медицинска помош “Mercy Malaysia”, која му помага на екипажот да се соочи со губењето на колегите.
Неколку членови од кабинскиот персонал ги изразиле своите чувства на социјалните мрежи.
-Мислев дека сум доволно силна да се изборам со таа ситуација…Доволно силна да не заплачам, но…Солзите сами тргнаа кога го посетив семејството на Дора…Едноставно, немам зборови”, напишала главната стјуардеса Дора Шахила Бинти Касим по падот на MH17.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



