| четврток, 6 декември 2018 |

„Бизнис Инсајдер“: 5 застрашувачки работи кои се предвидуваат до 2050 година

Многу често ги слушаме изразите како што се: климатски промени, сајбер тероризам, обновливи извори на енергија…

Научниците и економистите алармираат дека она што се предвидува не е најсветла иднина, доколку не се најде соодветно решение за предвидените катастрофи.

Доколку се игнорираат алармите кои постојано ги праќаат научниците, најголем број од овие проблеми ќе станат глобални катастрофи до крајот на 2050 година.

Ова се 5-те сценарија предвидени до крајот на 2050 година:

1. Прогонство:

bb1

Климатските промени ќе протераат илјадници жители од своите домови. Со тоа што во 2014 година температурата се зголемила за само 3 целзиусови степени, резултирало со тоа што 600 милиони луѓе биле приморани да се одселат од своите домови.

2. Поплави:

floods_15

Нивото на океаните секојдневно се зголемува што особено ги става под ризик градовите кои имаат пристаништа. Но тука станува збор и за поплавите предизвикани од обилни дождови, на кои бевме сведоци неодамна.

3. Глад:

bb2

Се очекува дека 20 милиони деца ќе бидат гладни секоја година до 2050 година, како последица на климатските промени кои директно влијаат на квалитетот и количината на произведената храна.

4. Болести:

FeaturedImage

Зголемените температури, врнежите и ветровите ќе дозволат инсектите кои пренесуваат болести да се населат на нови локации. Сетоа тоа комбинирано со долгите лета и глобализацијата ќе резултира со нови глобални пандемии.

5. Војни

veb-bot-kompjuter-predvidanje-nuklearni-rat-udar-1328585176-112124

Напредокот на технологијата доведе до пораст на сајбер тероризмот но и даде едно ново поле каде се водат војни. Тоа и понатаму ќе ги ослабнува сиромашните држави, а ќе ги збогатува веќе богатите, што ќе д онесе нов дисбаланс кој би можел да резултира со нуклерана војна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top