Растот на прометот во индустријата од 9,5 отсто во мај годинава во однос на истиот месец лани, како и растот од 9,9 отсто во периодот јануари-мај во споредба со истиот период од минатата година покажува дека има сериозно придвижување во економијата.
Ова го истакна премиерот Никола Груевски во одговор на новинарско прашање по извршувањето увид во градежните активности на автопатот Миладиновци-Штип кај населеното место Средно Коњаре.
– Најголемо зголемување од 36 отсто има кај капиталните добра, но се бележи зголемување и во другите делови. Тоа е уште еден поволен макроекономски тренд кој што кажува дека земјава во овој период има одлични резултати, што значи дека имаме сериозно
придвижување во економијата – изјави Груевски.
Тоа е одлично, бидејќи, како што рече, до минатата година во Македонија сериозно се чувствуваа ефектите од европската должничка криза.
– Сега веќе може да се каже дека годинава тоа сериозно олабавува и доаѓа период на раст и не случајно во првиот квартал од годинава имаме раст од 3,9 отсто на БДП што беше и најголем раст во Европа. Последователно на тоа и прометот во индустријата е доста
сериозно зголемен – рече Груевски.
Посочи дека и во идниот период ќе продолжат политиките на стимулирање и помагање на компаниите, зашто, истакна, тие се оние кои отвораат нови работни места.
– Продолжуваме со нашите реформи и чекори кои ќе ја помагаат економијата и отворањето нови работни места – прецизира премиерот Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски



