Во рамките на второто издание на меѓународниот театарски фестивал „Битола Шекспир фестивал“, вечерва со почеток во 20,30 часот во Народниот театар Битола ќе биде одиграна претставата „Крал Лир“ во режија на Звезда
Ангеловска, а во изведба на Народниот театар „Џинот“ од Велес.
Насловната улога ќе ја игра Јордан Витанов, а ќе настапи речиси целиот ансамбл на театарот од Велес.
Препевот е на Драги Михајловски, сценограф е Валентин Светозарев, костимограф Александра Крнинова Груев, а изборот на музиката го направи режисерката Ангеловска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вечерва почнува „Битола Шекспир Фестивал“: Претставата „Јулие Цезар (Res publica или Cosa nostra)“ го отвора фестивалот
-
Александар Аладишев, руски актер: Театарот е универзален јазик
-
Со музичко-сценски „Шекспир колаж“ почна „Битола Шекспир фестивал“
-
Валентин Светозарев: Битола Шекспир фестивал ја промени репертоарната политика на нашите театари