| четврток, 6 декември 2018 |

Мајка на загинати дечиња: Син ми се плашеше дека авионот ќе се сруши

Неутешната Самира Калер, мајка на две момчиња кои загинаа во уривањето на авионот на „Малезија ерлајнс“, во потресна исповед за „Си-ен-ен“ раскажа дека помладиот син, 10-годишниот Мигел, бил многу нервозен во врска со летот.

Мамо, те сакам, среќен сум што сум ќе ја видам баба, но навистина ќе ми недостигаш. Што ако авион се урне? – му рекол на мајка си пред полетувањето.

Таа му одговорила да не се шегува, толку многу пати патувале со авион.

Во кобниот лет загинал и постариот 19-годишен син на Самира. Средниот брат требало да се качи на следниот лет, бидејќи овој веќе бил полн, а со тоа останал жив.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top