Англичанецот Крис Менџис, жива легенда на светската кинематографија, еден од ретките директори на фотографија е на годинашниот добитник на наградата за животно дело „Златна камера 300“ на интернационалниот филмски фестивал „Браќа Манаки“, соопшти денеска организаторот.
Менџис е веројатно најценетиот кинематографер од англиското говорно подрачје последните години од кариерата, меѓу друго, ги обележа со филмските хитови снимени со британскиот режисер Стивен Далдри. Најнапред во 2008, со оскаровскиот „Читачот“, екранизација на истоимениот бестселер, потоа во 2011 со „Екстремно гласно“ и „Неверојатно блиску“ со Том Хенкс и Сандра Булок во главните улоги.
Во своето филмско портфолио Менџис има уште 50-ина врвни наслови, со големите режисерски имиња Кен Лоуч (неколку заеднички антологиски филмови), Стивен Фрирс, Нил Џордан, Бил Форсајт, Џим Шеридан, Андреј Кончаловски.
Името на Менџис е впишано и како режисер на четири играни филмови и како документарист, често снимајќи во кризни региони, во периоди на револуции и на војни, како Ангола, Бурма, Кипар, Занзибар, Виетнам, Тибет, Јужна Африка.
Врв во кариерата на Крис Менџис се четирите номинации а два освоени Оскари во рок од две години за филмовите на Роланд Џофи „Полиња на смртта“ (1984) и „Мисијата“ (1986), како и многу други статуетки добиени за својата кинематограферска дејност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.